Реики е љубов, слоган на Реики центар Македонија Reiki Center Macedonia written in helvetica

Само-исцелување

Japanese decoration

Научите како да си помогнете себе

Основите на само-исцелувањето се првиот чекор од долгиот пат наречен Реики. Тоа е така бидејќи во Реики најпрво мора да научиме како да си помогнеме самите на себе, а дури потоа и на другите. Доколку самите не сме способни да ги решиме сопствените проблеми и да ги излечиме сопствените болести, како тогаш би си зеле за право да ги исцелуваме другите? Реики не е вештина во која пациентот треба да остане зависен од исцелителот, напротив – во Реики пациентот самиот треба да стане самостоен исцелител, автономен господар на сопствениот живот, здравје и среќа. Да се живее Реики значи да се живее здраво, исполнето, позитивно и со доблесен пристап кон нештата. Да се живее Реики значи да остварете хармоничен однос со сопственото тело. Да се сакамте себе и да живеете во хармонија со светот. А издигнувајќи се духовно, Реики ни овозможува и дирекно физичко делување и менување на нештата. Учејќи Реики вие најпрво ќе научите како самите да си помагате, како да го ползувате Реики за вашето добро, а потоа и за доброто на вашите најблиски. Ова е можно бидејќи Реики е насекаде, Реики е се.

Happy elderly couple
Breathing woman

Медитација и правилно дишење

Медитацијата е составен дел од Реики. Со медитација е можно многу повеќе од само смиреност и опуштеност, медитацијата е пат од себе исполнување и себе стабилизирање, но повеќе од се медитацијата е пат кон себе откривање. Медитацијата е духовна техника чија цел е да се најде, прифати и афирмира најубавиот дел од себе, она што е единствено и само ваше. Не постои поинтимна активност од медитацијата, бидејќи само во медитација навистина сме сами со себе. Медитацијата е длабоко понирање во бескрајното Јас. Медитирајќи комуницираме со сопствената суштина, но и ја зацврстуваме структурата на нашата личност.

Во нашиот центар освен техники за медитација ќе можете да научите и основни техники од Пранајна, индиската наука за правилно дишење.

За нас

Постоиме и практикуваме Реики од 2005 година. Овластени сме од белградската Реики асоцијација и сме единственото официјално Реики здружение во Македонија. Нудиме консултации, вршиме третмани за исцелување и организираме семинари. Во време на планетарна криза, веруваме во човечката добрина. Нашите цели се ширење на здравје и среќа, како и подобар свет за сите нас. Искрено веруваме дека нашите цели се остварливи со Реики, бидејќи - Реики е љубов.

Japanese decoration

Тука сме за вас

Фиксен: 02 3166821 | Мобилен: 070 598766
E-mail: reikimacedonia@gmail.com | Улица: Железничка 32, Скопје
Отворени сме за соработка во секое време.

Реики Македонија © 2011 | Дизајн Anchor Design 2011