Реики е љубов, слоган на Реики центар Македонија Reiki Center Macedonia written in helvetica

Обука

Japanese decoration

Научете Реики со нас

Освен што нудиме третмани за исцелување ние редовно организираме и Реики семинари. Семинарот трае два дена, сабота и недела, а потоа се одржува "Реики работилница" каде се вежба и применува веќе наученото. Со наша помош, заедно работејќи на семинарот, вие ќе бидете воведени во Реики и ќе ги научите основите на само-исцелувањето како и исцелувањето на другите.

Првиот ден школуваниот учител кој го води семинарот дава детален вовед во Реики. Се зборува за историјатот на оваа древна метода, за чакрите и за енергетските канали, за техни-ките на медитацијата, како и за разликите меѓу визуелизацијата и визијата, а и за различното значење на мантрите и ритуалите. Вториот ден се учат и вежбаат духовни техники, се објаснува процесот на лекување, смислата на симболите во Реики како и начините за нивно правилно користење. На крајот од курсот се врши иницијација на секој учесник, преку која се овозможува и самиот да може да ја употребува Реики методата. Во иницијацијата се отвара короната на аурата, чакрите, енергетските канали и се втиснувааат симболи со кои учесникот се вклучува во изворот на енергијата.

Со успешно завршување на семинарот, учесниците се стекнуваат со меѓунардно важечка диплома за завршено почетно Реики ниво. Но знајте, кусиот семинар е само почеток на вашете Реики патешествие. Целта на семинарот е да биде вовед во тајните на Реики, а не и нивно совладување. Реики е вештина која постојано се усовршува, со постојана работа, најпрво на себе, а потоа и на другите.

photo of hands that share knowledge

Реики е за секого

Групите за семинарите се формираат во зависност од интересот за нив. Нашата цел е пред се квалитетот, а не квантитетот, затоа и преферираме да работиме со мали, но посветени групи во кој учествуваат од 3 до 6 ученика најмногу.

Секој може да учествува на семинарите како што и секој може да научи Реики, без оглед на полот или возраста - се додека му пристапи на Реики со љубов, со отворен ум, искрено срце и со чиста душа. Реики е љубов и единственото нешто кое го бара за возврат е и вие да му пристапите со љубов. Најдобрата подготовка за семинарот е да дозволите да бидете сакани, но и да сакате да ја споделите вашата љубов. Во суштина Реики не е нешто што може да се научи, Реики е веќе со нас, се што треба да сторите е да го пронајдете во себе. А штом Реики ќе се открие, Реики и останува со вас како верен доживотен сопатник. Ние само ви го покажуваме патот до ова повторно откривање, a вие учите како доблесно и целосно да ја практикувате ова нежна и убава уметност. Само од вас зависи каков ќе биде вашиот напредок во Реики, бидејќи мајсторството на Реики пред се значи постигнување хармонија со Реики во себе, постигнување хармонија со универзалната љубов. Реики никогаш неможе да се употреби за зло, а од вас зависи само колку добрина и љубов ќе споделите со Реики кон светот.

За нас

Постоиме и практикуваме Реики од 2005 година. Овластени сме од белградската Реики асоцијација и сме единственото официјално Реики здружение во Македонија. Нудиме консултации, вршиме третмани за исцелување и организираме семинари. Во време на планетарна криза, веруваме во човечката добрина. Нашите цели се ширење на здравје и среќа, како и подобар свет за сите нас. Искрено веруваме дека нашите цели се остварливи со Реики, бидејќи - Реики е љубов.

Japanese decoration

Тука сме за вас

Фиксен: 02 3166821 | Мобилен: 070 598766
E-mail: reikimacedonia@gmail.com | Улица: Железничка 32, Скопје
Отворени сме за соработка во секое време.

Реики Македонија © 2011 | Дизајн Anchor Design 2011