Реики е љубов, слоган на Реики центар Македонија Reiki Center Macedonia written in helvetica

Што е Реики?

Japanese decoration

Приказната за Реики

Реики е најдревниот систем за исцелување со енергија што е основа за сите останати системи за исцелување. Реики е метод на правилната употреба на универзалната животна енергија, но истовремено Реики е и самата оваа енергија, што е дел од сите нешта и сите нешта се дел од неа. Реики е фундаментален дел од нашето постоење, без притоа и воопшто да сме свесни за тоа. Знаењето за Реики, во исконската форм со векови било загубено, се до 1922 година кога Реики е возобновен од Јапонецoт Микао Усуи (1865 – 1926) .

Усуи го посветил својот живот трагајќи по изворните техники за исцелување кои биле користени од големите историски исцелители како Исус и Буда. Целта на Усуи била да го најде коренот на сите различни техники за исцелување со енергија. Тој сметал дека тие се само различни форми на истото нешто. Ги проучувал и практикувал тајните учења на сите значајни духовни традиции - од Христијанството до Хиндуизмот, од јапонското Шинто до тибетскиот Будизам. Наоѓал одговори, но никако не бил наполно задоволен. Сеуште неможел да ја открие големата тајна на исцелувањето. Се додека веќе на стара возраст не се искачил на јапонската планина Коријама каде минал 21 ден и ноќ во пост и во длабока медитација. Дури на крајот од 21-от ден - големата тајна му била откриена, го осознал исконското исцелување и го нарекол Реики - од зборовите зборови Rei (Реи) што значи универзална енергија и Ki (Ки) што значи животната енергија.

Затоа велиме дека Реики е универзалната животна енергија, но и начинот на нејзина правилна употреба.

Photography of Mikao Usui founder of Reiki

Микао Усуи (1865 – 1926)

Reiki written in Japanese symbols

Реи (Rei) - универзална енергија
Ки (Ki) - животната енергија

Реики е универзална љубов

Реики не е религија ниту пак е затворен систем. Реики не е нешто што може да се измисли, Реики е во секој од нас, скриен потенцијал кој чека да биде откриен како нерасцутен цвет. Тоа е можно бидејќи сите нешта се енергија, а Реики е само откривање на оваа енергија и учење за нејзино доблесно употребување.

Реики е отвореност, грижа, несебичност, хармонија, начин на убаво и среќно живеење, Реики е здравје и исцелување, реики е себеунапредување, Реики може да биде многу нешта, но пред се – Реики е љубов. Реики е универзална љубов. Љубов која не дели, туку се шири кон сите живи нешта. Реикистот е канал на оваа љубов, канал на оваа универзална енергија, Реикистот е во хармонија со универзумтот и тој/таа може оваа љубов, оваа енергија да ја сподели и со неа да им помогне, да ги поучи и исцели другите, а и себе.

The 5 Reiki Principles by Mikao Usui in Japanese

5те Реики принципи

Тајната уметност на канење среќа
Чудесниот лек за сите болести

Барем денес:
Не бидете гневни
Не грижете се
Бидете благодарни
Работете чесено
Бидете љубезни кон сите живи нешта.

Секое утро и вечер поставете ги дланките за медиција и помолете се со срцето
За напредок на духот и телото
Со помош на Реики

Микао Уши.

За нас

Постоиме и практикуваме Реики од 2005 година. Овластени сме од белградската Реики асоцијација и сме единственото официјално Реики здружение во Македонија. Нудиме консултации, вршиме третмани за исцелување и организираме семинари. Во време на планетарна криза, веруваме во човечката добрина. Нашите цели се ширење на здравје и среќа, како и подобар свет за сите нас. Искрено веруваме дека нашите цели се остварливи со Реики, бидејќи - Реики е љубов.

Japanese decoration

Тука сме за вас

Фиксен: 02 3166821 | Мобилен: 070 598766
E-mail: reikimacedonia@gmail.com | Улица: Железничка 32, Скопје
Отворени сме за соработка во секое време.

Реики Македонија © 2011 | Дизајн Anchor Design 2011