Реики е љубов, слоган на Реики центар Македонија Reiki Center Macedonia written in helvetica

Исцелување

Japanese decoration
A photo of a Reiki healing treatment.

Допирот што исцелува

Реики лечи од најразлични болести. Како од физички така и од духовни. Самата суштина на Реики е во тоа да покаже видливи резултати. А каде резултатите се највидливи ако не во здравјето и во среќата? Зарем болниот може да биде среќен? Зарем несреќниот може да биде здрав? Миако Уши го возобновил Реики знаејќи дека понекогаш и покрај нејзините големи успеси, современта медицина и наука, едноставно не се доволни. Човековите потреби се сложени, а болките на неговата душа се суптилни. Ни го разбираме тоа.

Во Реики исцелувањето се врши преку дланките. Исцелителот е канал на универзалната животна енергија. Пациентот лежи, а исцелителот ги положува дланките врз енергетските центри на неговото тело спроведувајќи ја енергијата. Исцелителот во Реики не е чудотворец, тој е само врската меѓу небото и земјата, меѓу енергијата на универзумот и енергијата на пациентот.

Пациентот користи онолку универзална енергија колку што му е потребно. Непостои такво нешто, како премногу Реики. Пациентот ја извлекува енергијата која исцелителот ја спроведува низ дланките. Како истоштен и жеден патник, енергетското тело се обновува себе, штом му се дозволи повторен контакт со изворот на енергијата. Се што пациентот треба да стори е да дозволи да биде исцелен, да му пристапи на Реики третманот со отворена душа и срце и да и дозволи Реики да го допре.

Не е случајно што Реики се нарекува уметноста на допирот што исцелува. Пациентот за време на третманот неретко може да почувствува топлина или пецкање од рацете на исцелителот, но тоа е само добар знак, знак дека пациентот ја прима универзалната животна енергија со своето енергетско тело, знак дека пациентот се исцелува. Допирот на Реики е допирот на универзалната животна енергија, допирот на универзалната љубов од која сите ние сме дел.

Бидете повторно цели

Ние веруваме дека болестите се неприродни состојби на телото и духот. Реики ви овозможува повторно да бидете она што сте. Еден третман трае еден час и го изведува Реики мајстор со меѓународен сертификат. Третманите се изведуваат во просториите на нашиот центар, во тивка и мирна атмосфера, каде пациентот може да се чуствува пријатно и опуштено. Целокупното исцелување се прилагодува на потребите на секој одделен пациент и трае онолку третмани колку што му е потребно нему лично, за тој да оздрави и да се чуствува добро. Третманот подразбира хармонизирање на енергетското поле на пациентот, менување на негативните животни навики и ослободување од натоложените емоционални трауми.

Третманот позитивно делува врз духот, телото и умот на пациентот. Ги отвара затворените чакри и дозволува слободен проток на животната енергија низ човечката енергетска мрежа. Реики е основен космички принцип и неговото благопријатното влијание е длабинско. Реики исцелува во самата структура на ДНК молекулата, која се наоѓа во секоја наша клетка и која е носител на сите информации за нас. Ревитализирајќи на тоа темелно ниво Реики не враќа во живот, слободни од сите пречки за вашиот развој, подготвени за поубаво живеење, исполнето со здравје, среќа и љубов.

Frangipani flower

За нас

Постоиме и практикуваме Реики од 2005 година. Овластени сме од белградската Реики асоцијација и сме единственото официјално Реики здружение во Македонија. Нудиме консултации, вршиме третмани за исцелување и организираме семинари. Во време на планетарна криза, веруваме во човечката добрина. Нашите цели се ширење на здравје и среќа, како и подобар свет за сите нас. Искрено веруваме дека нашите цели се остварливи со Реики, бидејќи - Реики е љубов.

Japanese decoration

Тука сме за вас

Фиксен: 02 3166821 | Мобилен: 070 598766
E-mail: reikimacedonia@gmail.com | Улица: Железничка 32, Скопје
Отворени сме за соработка во секое време.

Реики Македонија © 2011 | Дизајн Anchor Design 2011