Реики е љубов, слоган на Реики центар Македонија Reiki Center Macedonia written in helvetica

Добредојдовте

Japanese decoration

Реики е jапонска вештина за исцелување со енергија чии корени се древни. Знаеме дека Реики е сеуште непознат во Македонија, па затоа ја создадовме оваа интернет страница со цел да ја споделиме убавината на Реики со вас.

На оваа страница ќе можете да научите што е Реики, а и да научите нешто повеќе за чакрите и нивното значење, како и за симболите и нивната улога во Реики. За вас приготвивме и детални листи каде може да го истражите емоционалното потекло на болестите.

Суштината на Реики е во исцелувањето, но, во Реики најпрво мора да сме способни да се само-исцелиме, пред да можеме да им помогнеме и на другите.

Реики е универзална вештина бидејќи Реики е во сите нешта, токму затоа и секој може да научи како правилно се користи Реики на семинарите за обука кои редовно ги организираме.

Се надеваме дека го разбудивме вашиот интерес и дека Реики ќе ви помогне Вам - како што им помогнал и на многумина - да бидете поздрави, посреќни и поисполнети човечки суштества.

Искрено ваши,
Реики центар Македонија.

За нас

Постоиме и практикуваме Реики од 2005 година. Овластени сме од белградската Реики асоцијација и сме единственото официјално Реики здружение во Македонија. Нудиме консултации, вршиме третмани за исцелување и организираме семинари. Во време на планетарна криза, веруваме во човечката добрина. Нашите цели се ширење на здравје и среќа, како и подобар свет за сите нас. Искрено веруваме дека нашите цели се остварливи со Реики, бидејќи - Реики е љубов.

Japanese decoration

Тука сме за вас

Фиксен: 02 3166821 | Мобилен: 070 598766
E-mail: reikimacedonia@gmail.com | Улица: Железничка 32, Скопје
Отворени сме за соработка во секое време.

Реики Македонија © 2011 | Дизајн Anchor Design 2011