Реики е љубов, слоган на Реики центар Македонија Reiki Center Macedonia written in helvetica

Реики симболи

Japanese decoration
Cho-ku-rei Reiki symbol

Cho-ku-rei. Ова е симбол за зголемување на моќта. Исцелителот го употребува oвој симбол пред третманот за да ја зголеми моќта на исцелувањето, за тоа да биде поуспешно и подлабинско.

Sei-he-ki Reiki symbol

Sei-he-ki. Овој симбол исцелителот го користи за смирување и урамнотежување на емоционални проблеми и рестројства на пациентот. Тој делува на потсвеста, а ослободувањето од емоциналата болка често е и ослободување од физичката.

Hon-Sha-Ze-Sho-Nen Reiki Symbol

Hon-sha-ze-sho-nen. Овој сложен симбол се користи пред се за исцелување на далечина, односно исцелување кога пациентот е отсутен. Ова е еден од најмоќните симболи, влијае на свеста на пациентот и може да се користи за репрограмирање и за позитивно менување на негатавните животни навики.

Што се Реики симболите?

Симболите во Реики ја имаат улогата на космички клучеви. Во нивните специфични форми е заробена енергија која Реики исцелителот ја користи за да му помогне на пациентот. Симболите потекнуваат од будистичките сутри, но симболите често се јавуваат и при медитација како визии. Особено е значаен начинот на кој тие се нацртани. Во нивниот облик нема ништо случајно. Реики исцелителот ги знае симболите напамет и ги користи како моќни ментални слики со кој влијае врз текот на нешта во физичката стварност. Од лево можете да погледнете листа на основните Реики симболи и нивните функции.


Исцелување на далечина

Симболите овозможуваат лекување од повисок, втор степен, степен на кој не е потребно физичкото присуство на пациентот. Исцелувањето на далечина е процес на визуелизација во состојба на медитација. За вакво исцелување е потребен пред се искусен исцелител, мајстор на Реики, кој ќе оствари духовна врска со пациентот и ментално ќе ги испраќа симболите кон него. Неретко пациентот може веднаш да го почувствува позитивното влијание од исцелувањето на далечина, како ненадајна позитивна промена во неговото расположение.

За нас

Постоиме и практикуваме Реики од 2005 година. Овластени сме од белградската Реики асоцијација и сме единственото официјално Реики здружение во Македонија. Нудиме консултации, вршиме третмани за исцелување и организираме семинари. Во време на планетарна криза, веруваме во човечката добрина. Нашите цели се ширење на здравје и среќа, како и подобар свет за сите нас. Искрено веруваме дека нашите цели се остварливи со Реики, бидејќи - Реики е љубов.

Japanese decoration

Тука сме за вас

Фиксен: 02 3166821 | Мобилен: 070 598766
E-mail: reikimacedonia@gmail.com | Улица: Железничка 32, Скопје
Отворени сме за соработка во секое време.

Реики Македонија © 2011 | Дизајн Anchor Design 2011