Чакрите се енергетските центри на човечкото тело. Како низ мали вртлози универзалната енергија преку чакрите протекува низ телото. Тие се директната врска меѓу нашата енергија и универзалната енергија. Како што и нашиот однос кон светот може да е отворен или затворен, полн љубов или полн огорченост, така и чакрите можат да бидат отворени или затворени.
Ако енергијата тешко протекува низ чакрите, велиме дека тие се затворени. Затворените чакри се знак на духовна несреќа, на болка и на потиснати трауми - состојби кои неретко водат и до болести. А доколку енергијата слободно, без пречки протекува низ чакрите и низ телото – велиме дека чакрите се отворени. Отворените чакри сведочат за висока духовна среќа и за наполна хармонија меѓу човекот и универзумот.
Постојат 7 главни чакри на секое човечко тело. Тие раководат со различни аспекти на духовното и телесното и се разликуваат по улогата, положбата и бојата.
7ма. Крунска чакра. Чакрата на оствареното знаење, просветлување, исполување и боженствената хармонија. Врската со универзумот и Бог. Нејзини бои се белата и виолетовата. Сместена е на врвот од главата
6та. Трето око. Чакрата на интуицијата, визиите, јасновидството, согледбата. Тесно е поврзана со пинеалната жлезда. Нејзината боја е индиго. Сместена е меѓу веѓите, над очите.
5та. Грлена чакра. Нејзина функција е комуникацијата, пренесувањето на идеите, нивното искажување. Бојата и е светло сина. Смесатена е во средината на грлото.
4та. Срцева чакра. Чакрата на емоциите, на сочуството, на љубовта и гржата. Нејзина боја е зелената. Сместена е кај градите, до срцето.
3та. Соларен плексус. Таа ја контролира волјата, желбата за дејствување, иницијативата, енергијата. Нејзина боја е жолтата. Сместена е веднаш над папокот.
2ра. Сакрална чакра. Нејзината функција е страста, задоволството, плодноста и сексуалноста. Нејзината боја е портокаловата. Сместена е над половите органи.
1ва. Базна чакра. Преку неа се остварува врска со земјата. Тлото, основата на личноста. Нејзина боја е црвената. Сместена е помеѓу нозете.
Аура се нарекува поширокото енергетско поле околу секое човечко тело. Ако чакрите се каналите, врските меѓу човекот и универзумот, аурата е енергетското поле на секое оделно нешто. Таа е составена од 7 слоја кои соодветствуваат со 7те чакри. Затоа аурата уште се нарекува и тело од светлина или енергетско тело . Луѓето кои постигнале високо ниво на духовна развиеност неретко можат да ги видат и почуствуваат слоевите на аурата во нивната полна убавина, опишувајќи ги како возвишени, златни.
Постоиме и практикуваме Реики од 2005 година. Овластени сме од белградската Реики асоцијација и сме единственото официјално Реики здружение во Македонија. Нудиме консултации, вршиме третмани за исцелување и организираме семинари. Во време на планетарна криза, веруваме во човечката добрина. Нашите цели се ширење на здравје и среќа, како и подобар свет за сите нас. Искрено веруваме дека нашите цели се остварливи со Реики, бидејќи - Реики е љубов.
Фиксен: 02 3166821 | Мобилен: 070 598766
E-mail: reikimacedonia@gmail.com | Улица: Железничка 32, Скопје
Отворени сме за соработка во секое време.
Реики Македонија © 2011 | Дизајн Anchor Design 2011